8.9 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПо 14 години ИВЗ доби нов поглавар: Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху...

По 14 години ИВЗ доби нов поглавар: Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху е новиот исламски верски лидер во земјава.

spot_img

По 14 години на поглаварското столче во Исламската верска заедница во Македонија седна друг човек. Гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху е новиот исламски верски лидер во земјава.

<

Титулата Реис ул Улема ќе ја носи до организирањето на избор за нов поглавар на ИВЗ. На својот прв ден како верски водач реисот Фетаху беше срдечно пречекан во седиштето во Скопје.

Се заблагодари на укажаната доверба, а по получасовната средба со останатите членови на верската заедница најави нова ера во организирањето на верскиот живот на муслиманите во Македонија.

“Институционалната култура е една од најважинте средства за правилно функционирање на иниституциите и во овој поглед, во иднина ќе бидат преземени конкретни чекори за реорганизација на највисоката верска институција. Наше очекување и желба е ИВЗ да биде пример за сите други институции”.

Новиот реис Фетаху дополни дека под негово водство, ИВЗ ќе биде достоинствена институција – носител на мирот, единството и просперитетот во земјата.

Како прв човек на ИВЗ доаѓа на местото на Сулејман Реџепи, кој пред неколку дена беше разрешен од Ријасетот. Реџепи во два наврати, повеќе од 20 години беше поглавар на ИВЗ, а неговото владеење често беше пропратено со контроверзи, иако по стапувањето на функцијата вети дека ќе воведе ред во организацијата.

По повод неговата смена, Реџепи се огласи со соопштение во кое вели дека ја прифаќа одлуката на Ријасетот, но оцени дека против него се водела негативна кампања.

“Последниве денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања која што јас ја сметам за нецивилизирана, а која се однесуваше на мојата личност, при што се изнесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ. Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на кој било да го изнесе своето мислење и став…”

Неофицијално, примопредавањето на функцијата е извршено вчера во ИВЗ. Засега не се знае кога ќе бидат организирани изборите за нов поглавар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Митровски: Васил ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години ради притисокот на јавноста, и отежнатите околности.

Адвокатот Јанаки Митровски, цени дека момчето кое ја прегази Фросина, Васил Јованов ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години заради отежнителните околности...

Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Според се уште неофицијалните информации од Тв Сител во тек се претреси во...

Болката од ден за ден поголема:Фросе била прегазена заедно со нејзиното куче Аја

Македонија Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил Автор: Деск 4NEWS.MK 05/02/2025 09:36 Здружението за заштита на животните...

Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов

HomeМакедонијаВести Семејни врски: Сопругот на судијката Алексовска Стојановска цели пет години работел со мајката на Васил Јованов Матеја Петровскифевруари 4, 2025 Семејствата на сега притворениот Васил Јованов,...