30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби - Премиер ќе биде албанец сакале или не тоа го знаат...

Груби – Премиер ќе биде албанец сакале или не тоа го знаат македонците и сите други

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, во изјава за ТВ Сител вели дека тоа што неговата партија ќе го науми, тоа и ќе го оствари.

<

„Сметаме дека е дојдено време и сметаме дека ќе успееме. Тоа е последната работа за надминување на предрасудите. Македонските партии не се воодушевени, оти знаат дека што и да вети ДУИ тоа ќе го исполни. Тоа значи дека ниту еден од тие лидери на македонски партии нема да биде премиер, туку ќе биде личноста што ние ќе ја предложиме“, вели Груби.

Тој истакна дека ниту Зоран Заев не победи на изборите во 2016 година, но ДУИ му помогна консензуално да седне во премиерската фотелја и токму поради оваа причина е убеден дека Македонија ќе има премиер Албанец.

„Тоа што ќе го вети тоа и ќе го оствари. Тоа го знаат и граѓаните Македонци, Албанци и сите други во нашата држава. Знаете првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Талат Џафери за претседател на Собранието. Исто така, господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016 година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата. Затоа, со консензуалната политика којашто ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Македонија“, изјави Груби.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...