10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонија(Видео) Здравствени работници наместо 40% поголема плата , добија само 92 денари..

(Видео) Здравствени работници наместо 40% поголема плата , добија само 92 денари..

spot_img

Помпезно најавуваната мерка дека здравствените работници ангажирани во спраување со Ковид-19, ќе добијат картичка со 40% пропадна во вода. Наместо 40%, добија смешни 92 денари, со кои може да купат домашни производи, објави ТВ 21

<

Габриела Илиевска е здравствен работник, вработена во Клиничката болница во Битола како медиинско-лабораториски аналитичар, истовремено и независен советник во Советот на Општина Битола. На последната седница на советот, таа е исмевана за добиените 92 денари.

Олга Лозановска (ВМРО-ДПМНЕ): Габи зеде многи пари, со ваучерот, треба да го потроши. Дури 90 денари…

Валентин Груевски (ЛДП): Кој зел 90 денари?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Јас Валентин, ќе ти ги поклонам ако сакаш…Што ме гледаш? 92 денари земав

Викторија Христовска (ВМРО-ДПМНЕ): Да си купува домашно

Валентин Груевски (ЛДП): На подарен коњ не му се гледа заби

Методија Илиевски (СДСМ): Од каде зеде Габи?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Како здравствен работник…

Методија Илиевски (СДСМ): Бонус на плата?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Не! 40% што требаше на плата…

Методија Илиевски (СДСМ): И колку ти дадоа?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): 92 денари

Методија Илиевски (СДСМ): Грешка е!

Владе Шеровски (СДСМ) Ти дале според заслугите

Методија Илиевски (СДСМ): Уште толку ти фалеа до 100 000 изгледа

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Фала колега Шеровски, но кога ќе дојдеш кај мене како пациент ќе видиш колку се заслугите! Срамота е дека да деградираш здравствени работници. Кај нас нема заслуги, имаш обврски!

Зоран Стојчевски (СДСМ): Ќе си купиш две маски од поефтините

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Не дај боже да дојдeш, ќе видиш како се работи.

Илиевска за ТВ21 вели дека не само таа, туку голем дел од нејзините колеги добиле смешни суми на пари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...