11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНепознатите таблети кои беа пронајдени во Тетовските банани биле витамин ''Ц'' велат...

Непознатите таблети кои беа пронајдени во Тетовските банани биле витамин ”Ц” велат од МВР

spot_img

Купила банани, но во нив нашла бела супстанца за која се посомневала дека е дрога. Видеото што го гледате е направено во домашен амбиент. Жената од ова видео го пријавила случајот во полиција. Не е објавено каде се купени бананите. Но, веднаш потоа Единицата за борба против недозволена тргоција со наркотици, извршила контрола на неколку локации низ Тетово.

<

ТВ21контактираше со продавачите каде е извршена контролата, но тие не сакаа да зборуваат пред камера, бидејќи како што велат поради контролите од страна на Одделот за трговија со дрога, изгубиле многу клиенти.

– Реклама –

Упативме и прашање до МВР. Од таму велат дека ги направиле сите потребни анализи и констатирале дека во бананите немало наркотици, туку белата суптанца всушност е Витамин Ц.

„По добивањето на извештајот за сомнителни таблети скриени во банани, инспекторите од Одделот за трговија со наркотични супстанци постапиле според извештајот на Обвинителство Тетово и пуштена е наредба за вештачење од Тетово. По проверката на составот на бананите, утврдено е дека станува збор за витамин Ц а не за недозволени супстанци. МВР и натаму го истражува случајот како и причините за овој настан.“, велат од МВР.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека досега од извршените контроли не нашле небезбедни банани на пазарот во нашата држава. Апелираат до граѓаните да не им веруваат на видеата што се вртат по социјалните мрежи.

„До сега нема известување дека небезбедни банани се продаваат на пазарот во Македонија. Како одговорна институција за квалитет на храната апелираме до граѓаните да не им веруваат на видеата што секојдневно се објавуваат на социјалните мрежи, а кои се однесуваат на храната. Доколку самите наидат на таква храна да ги известат надлежните органи.“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според некои анонимни информации, постојат сомнежи дека ова видео е направено за со цел нарушување на имиџот на конкуренцијата на пазарот со овошје, односно со бананите, а случајот се уште се истражува.

ТВ21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...