30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаНема повеќе место на инфективна, три пациенти се веќе сместени во монтажната...

Нема повеќе место на инфективна, три пациенти се веќе сместени во монтажната болница..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Инфективната клиника од вчера се користи и монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти. Одделението е целосно опремено, а има и лекари и сестри, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

<

Во следните седум дена се очекуваат повеќе пациенти да бидат примени отколку испишани и затоа мора здравствениот систем да биде подготвен.

Во изминатите два три дена интензивно работевме на реорганизација на јавните здравствени установи со оглед на напливот на пациенти, некаде околу 330. Медицинските работници се изморени. Целиот фокус го насочивме на клиничкиот дел. Во оваа фаза се обидовме да мобилизираме здравствени работници онаму каде се потребни. Здравствените капацитети се оптоварени, но можеме и мора да издржиме – рече Филипче.

Од вчера на ротација и помош на Инфективната клиника и на ГОБ „8 Септември“ пристигнаа 54 лекари и медицински сестри. Веќе е направен план за следна ротација како од клиниките и од внатрешноста.

Клиниките се различно пополнети, но далеку од максимум, уверува Филипче.

Во однос на реорганизацијата веќе разговарав и со приватните клиники кои го понудија својот кадар, ако има потреба и тој кадар ќе биде на располагање на јавно-здравствените установи, додаде министерот.

На располагање е и одделението во Кавадарци, каде се уште нема пациенти. Добри се капацитетите и во тетовската болница, каде има осум пациенти, а може да се користат до 100. Во Охрид има слободни уште пет места, но во договор со болницата во Битола се обезбедуваат двете болници, за пациентите од Струга и околината.

Во „8 Септември“ има 250 кревети, таму сегашниот кадар е целосно посветен, а има список и на колеги кои ако има потреба ќе помагаат.

Покрај персоналот што го понудија приватните болници, може да се искористат и нивните сместувачки капацитети. За сега нема потреба, но стојат на располагање, додаде Филипче.

Скопје е големо жариште, каде епидемиолозите имаат проблеми со прибирање податоци, делумно така е и Тетово, а во другите градови ситуацијата е стабилизирана, смета Филипче.

Во однос на регионот земјите бележат раст. Три земји имаат пик Бугарија 112 Албанија 62 Косово 141 нови 45 случаи во БиХ и 59 во Србија, додаде министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...