12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Јас сакав да си заминам од оваа држава но Заев ме...

Стојанче: Јас сакав да си заминам од оваа држава но Заев ме предомсили со зборовите ”Остани ти и си потребен на оваа земја”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Верувам дека, за разлика од времето кога Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски крајно негаторски се однесуваа кон нас, македонските бранители, нашата добра соработка со Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе продолжи понатаму, наведе на неговиот фејсбук-профил лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

<

– Не само што ќе продолжи, туку верувам дека во следниот 4-годишен мандат, нашата соработка со СДСМ и Зоран Заев уште повеќе ќе се продлабочи, додава Ангелов.

Тој посочува дека во периодот пред и по формирањето на претходната Влада, лично лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги контактирал тројцата претседатели на партиите од коалицијата „ВМРО за Македонија“.

– Во разговорите договоривме различни позиции за претставници на нашата коалиција. Јас влегов во МВР како државен советник во тимот на министерот Оливер Спасовски, генералниот секретар на Достоинство стана советник на премиерот, пензионираниот армиски полковник Благоја Марковски стана советник на Министерот за одбрана, итн. Како Достоинство успеавме да помогнеме при вработувањето во МВР или АРМ на десетина деца на загинати, ранети или други бранители. Добивме и неколку општински советници во локалната власт. Едноставно, можам да се пофалам дека во овие три години имавме солидна соработка со сите нивоа на власт, почнувајки од локалната, преку централната, па се до претседателот на Владата и Претседателот на Државата, истакнува Ангелов во објавата.

Тој наведува дека на последните парламентарни избори во декември 2016 година, сите анкети во делот на третата изборна единица каде што тој беше носител на листа, предвидувале негов сигурен влез во Собранието, но и прилично големи шанси за влез и на вториот кандидат од неговата листа.

– Крајно нечесниот и нечовечен однос, енормните притисоци и поткупот на гласачи од страна на тогашното централно и локално раководство на ВМРО ДПМНЕ ги урниса моите шанси да станам пратеник во републичкото Собрание, потенцира Ангелов.

Тој образложува дека потоа размислувал да се врати во Ирак, но неколку недели подоцна добил повик од Заев, кој му пренел дека го има обезбедено потребното парламентарно мнозинство и побарал од него да остане во земјава.

– Откако му честитав за, според неговото кажување извесното и брзо формирање на влада, го известив дека за неколку недели јас се враќам назад во Ирак на што тој категорично ми кажа дека му требам овде и побара од мене да не ја напуштам државата. Воедно ме извести дека во првите неколку ешалони на неговата Влада ќе има место и за квалитени кадри од коалицијата „ВМРО за Македонија“ но и воопшто од сите оние, формални и неформални структури, кои учествуваа во рушењето на режимот на Никола Груевски. Бев малку изненаден од покажаната добра волја, бидејки тој како лидер на СДСМ немаше никакви обврски кон нас од „ВМРО за Македонија“, наведува Ангелов во објавата на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...