-3.9 C
Ohrid
петок, јануари 15, 2021
Почетна Здравје и убавина Гејтс: Вакцината и лекот да им бидат достапни и на оние кои...

Гејтс: Вакцината и лекот да им бидат достапни и на оние кои не можат да платат

Translate (Eng):[gtranslate]

Милијардерот и филантроп Бил Гејтс денес апелирал дека лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина треба да бидат достапни за земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не само на тој “што ќе плати повеќе”, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

 

“Ако едноставно дозволиме лековите и вакцините да одат кај оние кои ќе платат најмногу, наместо кај луѓето каде се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија”, рекол Гејтс во видео порака објавена за време на вирутелна конференција на тема коронавирус, организирана од Меѓународното друштво за борба против сида.

РЕКЛАМА

“Лидерите треба да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција кои се базираат на еднаквост, а не само на факторите кои ги одредува пазарот”, истакнал Гејтс, пренесува “Hina”.

- Реклами -