-2 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаХиротонија на отец Партениј за епископ Антаниски - под строги протоколи за...

Хиротонија на отец Партениј за епископ Антаниски – под строги протоколи за заштита од корона

spot_img

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски.

Во саботата вечерта во Бигорскиот манастир е закажано наречението на Отец Партениј, а во недела наутро во црквата Света Софија на литургија за Свети Петар и Павле, ќе биде хиротонисан за епсикоп Антаниски.

Поради строгите протоколи за заштита од ширење на вирусот, од Бигорската обител, апелираат до верниците на строго почитување на препораките. Носењето маски е задолжително, а за таа цел Манастирот ќе обезбеди маски за сите кои ќе бидат присутни во Бигорски во сабота и во Света Софија во недела. За дистанцата која е исто така задолжителна ќе се грижи и посебна агенција за обезбедување, како и припадници на СВР Охрид.

Поради оганичениот број на луѓе кои ќе можат да влезат во црквата, надвор од храмот ќе поставени видеобимови на кои ќе се пренесува чинот на хиротонија.

-Ги замолуваме сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат на сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание. За таа цел, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на социјалната дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот. Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број на присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видео-екрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. За во Охрид се предвидени три видео-екрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето на поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...