-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаБалканот станува депонија за отпадот од светските Ковид болници: Во БиХ увезени...

Балканот станува депонија за отпадот од светските Ковид болници: Во БиХ увезени тони ѓубре од Италија

spot_img

Сомнителeн отпад од светските Ковид болници завршил во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми. Отпадот се увезол преку ноќ, среде пандемија, ама со сите дозволи од кантоналните власти. Тие ги издале дозволите иако во Кантонот 10 нема фабрика за рециклирање. Компанијата што увезувала италијанско ѓубре „Кром рециклажа“ е регистрирана на адреса на општина Дрвар. Сета операција ја следат многу нерегуларности, повеќе прашања, но доминира една работа: дали мафијата за смет нашла нова депонија – Босна и Херцеговина?

Во старата индустриска зона во градот Дрвар впрочем компанијата увезела илјадници тони ѓубре – наводно за рециклирање, на место каде што нема фабрика за такво нешто.

Случајот го откриле соседи, а италијанското ѓубре набрзо ги потресе сите нивоа на управување, од Дрвар, преку Ливно, до Сараево.

Ѓубрето е увезено среде пандемија од најпогодениот дел на Италија, Падова. Ова ги разгорува стравувањата на локалното население дека отпадот доаѓа од Ковид болниците.

извор Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...