-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина проф. д-р Трајко Петровски првиот доктор на науки од ромска припадност

Почина проф. д-р Трајко Петровски првиот доктор на науки од ромска припадност

spot_img

Почина проф. д-р Трајко Петровски, роден на 18 мај 1952 година. Докторирал во 1997 година на катедрата по етнологија во Универзитетот во Загреб. Преку својата научно истражувачка дејност остави длабок впечаток во ромската антропологија, фолклористика, историја и јазик на Ромите како научник при Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.

Во историјата останува како првиот доктор на науки од ромска припадност, а неговите дела како важни историски ракописи. Кога во Македонија, ромскиот јазик беше во почетнички развој, Петровски го напишал првиот ромско-македонски и македонско-ромски речник во 1998 година. Автор е на Ромската граматика во издание на асоцијацијата Романо Ило. Исто така, од неговиот ракопис сега за сега, учат ученици Роми во основното образование.

Автор е на учебниците по предметот Јазик и култура на Ромите за трето, четврто и петто одделение. Од научно истражувачката дејност, значајни дела се каландерските обичаи на Ромите и етничките карактеристики на ромското население во Македонија. Во 2017 година ја издал и Историјата на Ромите во Македонија и Балканот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...