4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаЗабаваТуристи од Скопје се сместиле во хотел со 5 ѕвезди па си...

Туристи од Скопје се сместиле во хотел со 5 ѕвезди па си донеле тостер од дома да печат колбаси !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оваа година ќе биде запаметена како една од најтешките економски години, особено во секторот туризам. Угостителските објекти и естрадните уметници и вработените во овие сектори, претрпеа најголеми штети пишува веб порталот Галама.

<

 

Владата за да ја ублажи оваа состојва, воведе бесплатни ваучери за граѓаните, мерка која требаше да им овозможи да поминат неколку денови на езеро или планина, а истовремено, хотелите и сместувачките објекти, колку-толку да се опорават од тешката финансиска состојба.

Се чини дека мерката беше добра, немаше поплаки од ниту една страна, задоволни беа гостите, но и угостителите. Сепак, некои се обиедоа и од ова да направат „пародија“.

На социјалните мрежи забележавме статус кој опишува случка од Гевгелија, во која, млади луѓе од Скопје се дрзнале во хотел со 5 ѕвезди во Гевгелија, во собата да печат колбаси на тостер.

Ние не знаеме дали е ова вистина, но ви го пренесуваме статусот на корисникот на социјалната мрежа Твитер:

„Нишка на денот: Младо друштво од Скопје отишле на викенд во хотел со 5 ѕвезди во Гевгелија. Во текот на денот гостинка од друга соба се жали на непријатна миризба низ спратот.

Доаѓа обезбедување и гледа дека дечките ПЕЧАТ КОЛБАСИ НА ТОСТЕР ВО СОБАТА! Но тоа не е се.

Им го конфискуваат тостерот на рецепција и ќе им го вратат откако ќе си одат од хотелот.

Во меѓувреме се менува смената на рецепција, овие доаѓаат и викаат на новата требаше еден тостер да ни стигне, проверете дали е на рецепција. Оваа го гледа и им го враќа истиот тостер.

Погодувате што се случува потоа, нели? ИСТАТА гостинка се жали на иста миризба поручек. Доаѓа обезбедување и ги фаќа пак со колбасите на тостерот!

Гостите се отстранети од хотелот заедно со фамозниот тостер. Биле со ваучери за туризам. Немам инфо дали отишле во друг хотел.“

 

Извор: Галама

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...