4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОдбиена жалбата на возачот за сообраќајката во која загина младата Фросина

Одбиена жалбата на возачот за сообраќајката во која загина младата Фросина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Врховниот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на Обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција.

<

Со ова Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје и обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.

Претходно, Апелацискиот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи како виновен за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од една година.

Сообраќајната незгода се случи во април 2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот таа се здобила со тешки телесни повреди и починала на самото место.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...