15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБујар Османи: Јас мислам најдобро е да изградиме автопат од Скопје до...

Бујар Османи: Јас мислам најдобро е да изградиме автопат од Скопје до Софија и да го крстиме Гоце Делчев.

spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар османи се согласува со ставот што утрово – како што рече – го прочитал и според кој најдобриот начин да му се оддаде почит на Гоце Делчев е да се изгради автопатот Скопје-Софија, кој би го носел името на
револуционерот.
„Навистина сметам дека политиката и политичарите можат само да им пречат во обидот на историчарите и научниците да ги осветлат овие прашања кои се товар меѓу двете држави“, рече Османи, како што пренесе Плусинфо.
Во однос на тоа дали знаеле за бугарскиот меморандум, шефот на дипломатијата истакна дека како земја-кандидат ние не сме дел од официјалниот ланец на коресподенција меѓу земјите-членки, кои комуницираат на секојдневна основа по различни форми, со цел споделување на ставови, но и во обид да се вршат влијанија за донесување одредени одлуки.„ Нашата должност е преку секојдневните комуникации да ги осознаеме информациите, особено оние кои се однесуваат на нас. Целта на Договорот беше токму тоа да се воведе ред во овој хаос на комуницирање, кој беше во изминатите децении во однос на разликите меѓу двете земји, да се воведе рамка со која ќе се создадат две траектории, кои досега беа вкрстени и негативно влијаеја една на друга“ појасни Османи.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...