18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаТалат Џафери нема да ја прифати оставката на Филипче и Хасани

Талат Џафери нема да ја прифати оставката на Филипче и Хасани

spot_imgspot_img

Претседателот на Собранието Талат Џафери во разговор за ТВ21, рече дека нема да ја стави во процедура предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани со гласање во заканодованиот дом. Според спикерот, опозицијата може да предложи само интерпелација, но не и предлог-одлука.

Според Џафери, членот 184 се однесува на законодавна постапка во делот донесување одлуки, декларации, резолуции, но на никој начин тоа не може да биде разрешување, додавајќи дека постапката кај член 184 се покренува во фаза на второ читање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, објави дека во вторник кога има редовна седница во Собранието, опозициската партија ќе достави предлог за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани.

Двајцата функционери ги депонираа оставките по пожарот во тетовската модуларна болница, но премиерот Зоран Заев не ги прифаќа засега и вели дека прво треба да заврши истрагата. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е само игра пред јавноста.

„Првиот чекор е до вторник рано претпладне е рок кој им го даваме на министерот и другите да ги достават до Собранието. Има закажана нова седница за истиот ден. Доколку не бидат доставени, ќе поднесе предлог-одлука до Собранието за разрешување на министерот и предлог-заменикот“, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во чест на загинатите бранители кај селото Вејце- Чкембари со црвено-жолти бакли го осветлија паркот и споменикот на бранителите

„Наш завет е да ги чуваме од заборавот и да го пренесуваме нивното големо дело на секој човек. МАКЕДОНИЈА секогаш раѓала храбри синови со...

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...