14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството Јанковски од Битола се среќните добитници на рекордната 7-ка од ЛОТО...

Семејството Јанковски од Битола се среќните добитници на рекордната 7-ка од ЛОТО 7

Семејството Јанковски од Битола се вброи во редот  добитници на 7-ка коишто застанаа пред камерите за да ја споделат радоста за освоената добивка и да се заблагодарат на играчите и на „Државна лотарија“.

„Ние знаеме оти сите играчи учествуваме во фондот на премијата и другите добивки, еднаш едни добиваат повеќе, друг пат други, ова е игра за народот. Ред е тие што добиваат да се заблагодарат, да се знаат кои се и да си ја споделат радоста“ – рече Билјана Јанковска, на што нејзиниот сопруг Лаци се надоврза – „Ова не е лага, вистина е, кој игра, тој добива. Јас играм со години и еве сега сум добил, нека веруваат и да не се откажуваат“

Лаци со години играл исти бројки, но пред еден месец сопругата му го испрала ливчето токму во колото кога можеле да добијат 6-ка. Бројките ги сменил и оттогаш ги игра овие – од коишто во извлекувањето на коло 73, на 12 септември, токму 4-тата комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, им донесе 7-ка вредна 31 165 143 денари.

Со нив се запознавме во просториите на „Државна лотарија“, кога со потврдата за уплата нè посетија непосредно по извлекувањето, за проверка на добивката. Иако со трема, пресреќни и возбудени, уште веднаш ни соопштија дека се согласуваат за јавна објава, но дека сакаат да се сите заедно, а во Скопје дошле со едниот син, другиот останал на работа. Ја испочитувавме вољата на семејството и ние заминавме кај нив, за да се сретнеме во Битола со целото семејство. Договорената средба беше пред среќното место „Алек Табак“ (на Ат пазар), каде што Лаци, на 12 септември, како и редовно пред одење на работа, уплатил 100 денари за 4 комбинации Лото7 и еден Џокер.

Лаци работи како чувар во ЈП Комуналец во Битола, и со своето семејство

– сопругата Билјана и синовите Кирил и Димитар живее во Битола. Со сопругата потекнуваат од две различни битолски села каде што имаат и малку земја што ја обработуваат. Ни оставија впечаток на кротко скромно работливо и сложно семејство. Луѓето во Битола што не застануваа за да поразговараат со нас ни потврдија дека 7-ката паднала на вистинско место.

 

Извор фан страна на Државна Лотарија

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...