4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГостивар рекоредер во сообраќајни прекршоци: За само еден час казнети над 60...

Гостивар рекоредер во сообраќајни прекршоци: За само еден час казнети над 60 шофери !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

<

Полициски службеници ги проверуваа возачите и возилата на поширокото гостиварско подрачје.

На територијата на градот и непосредната околина од утрово на повеќе пунктови се спроведуваа контроли за брзина, важност на регистрација, возачки дозвола, почитување на сообраќајни прописи. Меѓу другото беа опоменувани и лицата кои самоволно извршиле пренаменување на сообраќајни површини и беа отстранети повеќе импровизирани тезги од тротоари.

– За едночасовниот пресек, утврдивме дека на ова подрачје, регистрирани се шеесетина прекршоци и изготвени се исто толку поднесоци. Тоа во извесна мера ги оправдува и нашите активности во делот на превенцијата. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, изјави помошник министерот за односи со јавноста Тони Ангеловски при неговата посета на колегите во Гостивар.

Од полицијата информираа дека од почетокот на акцијата за подигање на непрописно паркирани возила, од гостиварските улици со „пајак” се подигнати шеесетина возила подигнати. Во текот на последниве 24 часа изречени на 33 лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок неносење лична заштита (заштитна маска) заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...