10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата не ги прифати мерките: Не е задолжително носење маска на отворено,...

Владата не ги прифати мерките: Не е задолжително носење маска на отворено, а во вашиот дом може да примите и повеќе гости од четворица !!!

spot_img

Владата на денешната седница не ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести за носење заштитна маска на отворено и за забрана за
групирање по домови, со образложение дека за тоа треба да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни
болести.
Комисијата на 8 октомври поднесе повеќе предлози до Владата, со рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, откако бројката на дневно новозаболени од ковид-19 секојдневно почна да расте. Комисијата бара да се забранат семејни собири, слави и прослави во домови, а во домовите да можат да се примат најмногу четворица гости. После 22 часот да се забрани групирање на повеќе од четири лица било да е тоа отворен или затворен простор, како и задолжително да се носат маски секаде, при престој на отворено, на работно место, во јавен транспорт, во приватни возила ако лицата не живеат заедно.

<

Исклучок ќе биде да не мора да се носат маски при спортување и за деца до 6 години. На оваа седница е усвоено да се склучи договор помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини , за набавка на вакцини за ковид-19 преку коваксмеханизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација. Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски и во координација со Министерството за
финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансии за да се уплати аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот Договор за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...