12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејството на поранешниот пратеник Амди Бајрам и покрај препораките, организира масовен погреб...

Семејството на поранешниот пратеник Амди Бајрам и покрај препораките, организира масовен погреб за својот сопруг, родител и дедо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претходно синот на бајрам, Габриел на социјалните мрежи апелираше до присутните за придржување до мерките за КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца.

<

-Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко, и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.

Поворка до вечно почивалиште тргна од семејната куќа на во Бутел.

Од Управата на градските гробишта Бутел ја демантираа веста дека поранешниот пратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните, туку во делот на гробиштата наменет за исламски верници.

Амди Бајрам почина вчера во приватна клиника во Скопје. Попладнето беше соопштено дека посмртниот тест на Бајрам покажал дека тој бил заразен со Ковид 19. Неговиот син Габриел во меѓувреме за „Фокус“ изјавил дека неговиот татко пред 3 дена направил тест и истиот бил негативен, а од болницата им рекле дека Бајрам починал од мозочен удар, а не од коронавирус.

Долгогодишниот политичар пред една недела беше на свадбата на неговата внука која се одржа во Турција, а на која присуствуваа 600 гости, од кои половината од Македонија. Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, доктор Александар Стојанов препорачува сите луѓе што од Македонија отпатувале на свадбата да бидат изолирани дома, додека екипите од ЦЈЗ да постигнат да ги анкетираат и да ги најдат оние што се во висок ризик да бидат заразени со Ковид 19.

-Центарот за јавно здравје во Скопје прави напор за спроведе епидемиолошка анкета на контактите во изминатите денови , но дел од членовите на семејството Бајрам не сакаат да соработуваат. – вели за Канал 5 директорот Стојанов.

Во Шуто Оризари денеска е ден на жалост, а Советот на општината одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и лидер на“Сојузот на Роми”.
kanal5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...