15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЌулавкова: Ако се откажеме од нашето минато, Бугарија ќе може да каже...

Ќулавкова: Ако се откажеме од нашето минато, Бугарија ќе може да каже дека сме бугарско малцинство

spot_img

Ако се откажеме од нашето минато, не само што ќе бидеме без корени, ќе оставиме пат за Бугарија да каже дека сме бугарско малцинство кое во дадени историски околности се издвоило во Југославија, истакна академик Катица Ќулавкова после научниот собир за 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на собирачот на македонски народни умотворби Марко Цепенков (1929-1920), кој денеска се одржа во МАНУ.Според Ќулавкова, безумно е да се бара да си го поништиме сами државотворното право, потеклото и идентитетот кои се темелат на тоа потекло.

<

Ние суштински и де факто не сме биле исти народ, ние сме биле два соседни народа кои како и многу други народи биле заедно во составот на големите империи. Ако тие воопшто биле во тоа време тука, бидејќи македонските Словени или словенските Македонци докажано е дека се домородни на оваа територија, за Бугарите има и други теории во кои не би навлегувала бидејќи не сум историчар, вели Ќулавкова.

Таа се осврна и на Договорот од Преспа, со кој, според неа, сме ја поништиле историјата со тоа што се согласивме дека немаме ништо со антиката.

Имале-немале, ние имаме право да ја истражуваме и бидејќи сме дел од таа територија и веројатно популација, имаме право да се повикуваме на неа и да ја штитиме, браниме и така натаму, рече Ќулавкова.

Таа се осврна и на Договорот од Преспа, со кој, според неа, сме ја поништиле историјата со тоа што се согласивме дека немаме ништо со антиката.

Имале-немале, ние имаме право да ја истражуваме и бидејќи сме дел од таа територија и веројатно популација, имаме право да се повикуваме на неа и да ја штитиме, браниме и така натаму, рече Ќулавкова.

blob:https://www.facebook.com/c58f638b-7e69-4548-abe9-4b5539b7f2bc

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...