10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Доколку не ми се извини Вмро Дпмне ќе поднесам тужба...

Венко Филипче: Доколку не ми се извини Вмро Дпмне ќе поднесам тужба до нив, бидејќи смртта на прерано починатата пациентка ја користат за политички поени !!

spot_img

ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот! Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип. Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор, реагира попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

<

„Ова е независен надзор и апсолутно е неточно дека директорот на болницата самиот на себе ќе си врши надзор како што наведува ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата или не го познаваат системот на надзори или свесно манипулираат како што всушност се однесуваат цели осум месеци од почетокот на кризата. Барам итно извинување за ова грозно обвинување во спротивно ќе поднесам тужба за клевета, пишува Филипче.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов на прес-конференција обвини дека министерот за здравство Венко Филипче спроведува операција на заташкување на случајот со смртта на 41-годишната пациентка во Штип. Според Јорданов истрагата треба да ја спроведе директорот, кој бил на смена тој ден токму на тоа одделение.

ФАКТОР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...