10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата ќе ги менаџира приватните болници: Ќе покрива 30 проценти од трошоците

Државата ќе ги менаџира приватните болници: Ќе покрива 30 проценти од трошоците

spot_img

На прес-конференцијата за медиумите по одржаниот состанок на Советот за безбедност, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изјави дека државата во кризната состојба ќе има значајно поголеми овластувања.

<

Претседателот Стево Пендаровски објасни дека откако ќе биде прогласена кризна состојба во траење од 30 дена тогаш Законот за одбрана и Законот за управување со кризи посебно даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред сѐ, здравствените од страна на армијата.

Втората важна разлика што е дозволена во кризна состојба, додаде Пендаровски е во законската можност Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа и на јавните претпријатија на општините и на Градот Скопје.

– Вклучувајќи и трговските друштва, во овој случај, и приватните здравствени установи. Тука не станува збор за национализација на приватните болници, туку за управување со нив во битката против пандемијата на коронавирусот таму каде што Владата ќе процени дека треба, објасни Пендаровски.
За сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Не се работи за национализација, туку државата ќе се јави во улога на менаџер, додаде Пендаровски.

Државата ќе покрие 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите ресурси на приватните клиники ќе бидат земени предвид, вклучително и болничките капацитети за сместување и кадарот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...