14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и...

Тамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и неоткажување пред препреките, на крај успеав да направам една успешна

Поттикната од традицијата во нашиот крај, којшто располага со одлични услови за традиционално овчарство, од 2012 г. се занимавам со сточарство не многу активно, а после 2016 г. активно и професионално“, ја започнува својата приказна Тамара Трајковска од Злетово.

Таа заедно со сопругот одгледуваат 360 грла овци, а имаат вработено и овчар.

„Во тек ни е изградба на ново трло, со повеќе помошни објекти, а сето тоа го финансираме преку самокредитирање од „Прокредит“. Се надеваме дека со помошните објекти ќе си го олесниме целиот процес на одгледување. Храната со која ги храниме овците ни е од органско сопствено производство, што многу се одразува на квалитетот на сирењето што го произведуваме, бидејќи за да имаме задоволни потрошувачи, треба да имаме константен висок квалитет.“, вели Тамара.

Освен јагниња семејството Трајковски продава и сирење произведено на традиционален начин, зачуван неколку поколенија наназад од рајчанското поднебје на Осоговските планини.

„Се надеваме дека со добрата промоција на нашиот производ ќе стигнеме до сѐ повеке потрошувачи кои ќе знаат да го препознаат квалитетот и да го ценат нашиот труд“.

„Долги години работев напорно без сигурен пласман за мојот производ. Затоа мислам дека здружени ние младите сточари можеме заедно ентузијастички да внесеме новини во сточарството, заедно да се избориме за подобри услови, да соработуваме, заедно со разменување на искуства да ги развиваме нашите производи“, вели Тамара, која од неодамна е член на управен одбор на Здружението „Млад сточар“, а од здружувањето на сточарите очекува сигурност, стабилност и успеси во оваа земјоделска гранка.

Својата успешна сточарска приказна Тамара сака да ја искористи да ги поттикне и другите млади жени да се вклучат во сточарството.

„Јас сакам посебно да се обратам до жените, доколку би сакале да успеат во која било дејност, особено во оваа гранка, да си ги бараат своите права, да бидат упорни, со голема самодоверба и волја за остварување на својата зацртана цел, бидејќи и тие можат да бидат успешни, а јас сум пример дека една млада жена со многу работа и неоткажување при многуте препреки со коишто се соочив, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна.“

Покрај обезбедување сигурен пласман, поволни и заштитени цени, и полесен пристап до странските фондови, преку кои подобро би се реализирале проектите на секој еден земјоделец, Тамара смета дека е потребна поголема поддршката на руралните жени, бидејќи тие доколку имаат поддршка, навистина имаат што да придонесат во сточарството.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...