10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче го признава колапсот на здравствениот систем, помош сега бара во приватните...

Филипче го признава колапсот на здравствениот систем, помош сега бара во приватните болници !!!

spot_img

Нѐ очекува еден критичен период во којшто ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот. Ги гледаме и пратиме ситуациите во сите соседни земји – огромен пораст и покрај тоа што некои земји имаат дури и порестриктивни мерки на сила од нашите, изјави министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Советот за безбедност.

<

– Исто така, за жал пораст и на смртни случаи. Во таква една ситуација, целосно е мобилизиран целокупниот кадар во јавно-здравствените установи. Согласно нашиот план секој еден тим во сите интерни клиники да има одговорен и интернист, и анестезиолог. Сепак можно е да дојде во ситуација да се потребни дополнителни ресурси, како болнички капацитети во смисла на кревети за сместување, така и кадар. И во овој момент имаме соодветен план, но тоа би значело во рамките на јавно-здравствените установи во еден момент ќе треба да се прекине со редовната работа, исто како што тоа беше еден период претходно и да се извршуваат само итните интервенции и интервенциите кај малигните пациенти – изјави Филипче.

Тој појасни дека во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти, поради тоа што во овие установи се лекарите интернисти, специјалисти, лекарите пулмолози и другите интернисти кои имаат искуство во лекување на пациентите со коронавирус.

– Сите три спрата сега се целосно спремни. Два спрата се целосно исполнети, уште едниот спрат кадешто се одделенијата за оториноларингологија, офталмомогија, сега се спремаат за од утре да се стават во функција. Значи, целокупниот кадар е практично на стенд бај и во координација со одговорните на интерните клиники сега се прават распореди, како за дежурства така и за функционирање во следниот период. Сосем доволен број на кревети може да се стават во функција во ГОБ „8ми Септември“. Сега таа болница ја задржа и својата вообичаена работа, иницијално предвидениот број од кревети близу 80-90 веќе се пополнети, но може во следниот период согласно овој огромен притисок којшто го имаме во изминатите денови да практично запре системот Мој Термин и таму да се сместат уште повеќе пациенти. Спремни сме и други клиники да ангажираме – тоа се дел од хируршките, за што веќе имавме состанок. Веќе се прави еден интерен план заедно со повеќе директори на хируршки клиники, така да тоа би бил следен чекор, но имајќи ги предвид сега на располагање и овие по можност приватни капацитети сепак ќе направиме еден целокупен план којшто ќе ги вклучи сите ресурси- рече Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...