11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТасевски: Тие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Скопје...

Тасевски: Тие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Скопје и Охрид Амстердам ќе го правеле

spot_img

Тие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Амстердам ќе го клонираат. Како ви текна еј?, коментира на фејсбук Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар Скопје.

<

Во последен период по социјалните мрежи роднини и пријатели на пациенти заразени со ковид-19 пренесуваат потресни сведоштва за она што го преживуваат во болниците и ковид-центрите низ Македонија.

Ако имаш над седумдесет и ковид, нема кревет за тебе во болница. Можеш комотно да умреш на улица.
Оние пак, кои лежат таму добиваат список за лекови кои мораат сами да ги купат.
Важно војска мобилизиравте. Зошто бе? Да им ги скратува маките на оние што умираат по улици?
Тоа е, кој има пари може да легне во приватна болница за 12 илјади евра, десетднневен пансион, ол инклузив. По останатите трча гробарот со лопатата.
И сетне, ви светна генијална идеја да легализирате марихуана. Амстердам ќе правеле од Охрид и Скопје?
Тие на смртно болни кревет во болница не им даваат, Амстердам ќе го клонираат.
Како ви текна еј?
Откако прво, илјадници копиљаци навлековте на покер автомати, сега ќе им дозволите и да дуваат додека лупаат по автоматот, да им биде полесно кога ги губат платите на нивните родители
Создадовте монструм од неорганизирана, нехумана, асоцијална и несолидарна држава, а не место за живот. Тотален распад по хоризонтала и вертикала.
И да го прашам уште ова Филипче, ако може?
Маските што носиме по улици, дадоа некој резултат? Изгледа ЈОК.
Знаеш зошто?
Зашто не сте доследни во ништо. Додека на улица казнувате луѓе зашто не носат маска, дури и да шетаат сами, во кафаните врие од пијани будали кои се гушкаат по маси, се љубат и си се издераваат у фаца: Еј брат знаеш ли колку те сакам!
И мува не ве лази за фијаското на вашите антиковид протоколи и системот. Вие сте дефиниција за психопати, пишува Тасевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...