19.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМилевски: Не се откажувам, само ѝ се извинувам на нацијата

Милевски: Не се откажувам, само ѝ се извинувам на нацијата

Македонскиот селектор Благоја Милевски после историската бламажа објави дека не се откажува, ниту помислува на некаква оставка, извинувајќи ѝ се на нацијата за катстрофата што Македонија ја доживеа со 0-7 од Англија.
Селекцијата која пред година ипол живееше во мундијалски сон, вечерва беше непрепознатлива како круна на сериозниот пад на националниот тим кој се провлекува веќе подолго време, но…

Сакам да ѝ се извинам на цела нација, во мое лично име и во име на играчите, јас сум тој што праќа повици, јас решавам кој ќе игра, така да се извинувам до македонската нација, посебно до тие што дојдоа тука. Благодарност за нив што дојдоа да нѐ бодрат. Играчите се истите, од Италија, Португалија, јас сум истиот. Се случуваат вакви лоши моменти и мора да преземеме сите одговорност, но јас не сум карактер да се откажам веднаш. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри.

Факт е дека се соочивме можеби со најсилната селекција во Европа, но факт е дека потфрливме во исполнување на одредени тактички замисли иако јасно е дека по оние први погодоци кои дојдоа поради индивидуални грешки, понатаму се се сруши. Во секој случај пресуди индивидуалниот квалитет на противникот, кој е на едно друго ниво. Нивното издание вечерва е за секоја пофалба“, рече Милевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето...

МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот...

До 11 часот за претседател гласале 12,87 %, а за пратеници 13,96 %

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста на изборите до 11 часот. Во однос на излезноста за претседателски избори – од добиени податоци од 2080 избирачки...

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...