10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид во тага: Од последици на Ковид-19 почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург...

Охрид во тага: Од последици на Ковид-19 почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и врвен уметник, Драган Спасески.

spot_img

Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, денеска во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник, Драган Спасески Охридски.

<

 

Драган Охридски беше исклучителен професионалец и почитуван во професијата, врвен интелектуалец. Автор е на бројни уметнички дела, кои биле излагани во земјата и странство, како и проза и поезија. Беше голем поддржувач на уметноста и уметниците, широко отворајќи ги вратите за уметничките души на неговата галерија „Резонанца“ каде се реализираа бројни изложби. Автор е и на повеќе уникатни ентериери на хотели и угостителски објекти, кои ги красат негови дела.

Минатата година со голем мултимедијален проект во црквата Св. Софија, тој одбележа 30 години од неговата прва изложба во 1989 година. Замина прерано, а имаше уште многу да му даде на Охрид и на светот.

Мојата желба беше да го продолжам патот на Михаил и Евтихиј. Како пчела одам од цвет на цвет, собирам се што е најзначајно во цивилизациска смисла и ставам авторски печат на она што го создавам, без да ми биде важно дали тоа е трендовски или не е, дали се исплатува или не. Едноставно, го следам својот пат на духовното, на фантастичното во сликарството. – ќе рече во една прилика уметникот Драган Спасески Охридски.

 

Драган Спасески Охридски беше семеен човек. Зад себе остави сопруга и син.

Д-р Драган Спасески Охридски, ќе биде погребан утре во 13.30 часот на градските гробишта во Охрид, во согласност со ковид протоколите.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...