4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонија„Голф 5“ честа мета на крадците: Украден уште еден автомобил во...

„Голф 5“ честа мета на крадците: Украден уште еден автомобил во Битола !!!!

spot_img

Кражбите на возила од типот „Голф 5“ низ нашата држава стануваат секојдневие. Така барем кажуваат граѓаните, кои се жалат дека само во последните неколку дена пријавени два случаи на кражба на „голф 5“. Денес сопствениците на Фолсваген ги возенимири уште една вест кога дознаа дека крадците не запираат и дека е украден уште еден автомобил од марката голф 5 во Битола.

Една од сопственичките, чиј автомобил бил украден пред две недели, Шахадие Османи вели дека случајот го пријавиле во полиција, но не добиле никаков одговор, иако како што вели таа од нејзиниот дом крадците со автомобилот морале да поминат низ улиците каде има камери. Таа додава дека го побарале автомобилот насекаде каде што се сомневале дека може да биде, но не можеле да го најдат.

Беше пријавен еден случај од Бутел чиј автомобил беше украден пред месец дена, следниот ден имаше уште два други случаи, еден запален автомобил, и два други украдени. Ни се јавија и тие да брашаат ние да не имаме некаква информација, но сите беа безнадежни. Но, ние веруваме во надлежните органи, но сега колку ќе работат и ќе се справат со овој случај не знам. Веќе гледаме дека има паника кај сите граѓани, овде на паркингот се обидуваат да ги блокираат автомобилите од истиот тип, се шири паника – вели Османи.

Од МВР ја потврдуваат кражбата на возилата. Од овој оддел велат дека во главниот град бројот на украдени возила е уште поголем.

Во периодот од 01 до 11 ноември пријавени се 13 украдени возила во скопскиот регион. Во истиот период беа пронајдени 10 возила кои беа пријавени како украдени. На 19.11.2020 година беа пријавени уште две возила во регионот на Чаир, и тоа возило „Голф“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „опел“ со норвешки регистарски таблички – велат од Министерството за внатрешни работи.

Покрај кражбите, пред два дена во Топанско Поле во Чаир, беше запален и еден автомобил „Голф 5“.No description available.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Македонија Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој Автор: Деск 4NEWS.MK 26/12/2024 13:07 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...