11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаСвет“Ме продадоа како бебе на друго семејство – на моите родители им...

“Ме продадоа како бебе на друго семејство – на моите родители им кажале дека сум починaла

spot_img

Приказната на 26 годишната Бел Барбу од Јута е за подигнување на свеста со трговија со луѓе.

<

Пред неполна година таа дознала дека била продадена на американско семејство, но денес за среќа успеа да ги пронајде своите вистински родители благодарение на добротворната организација Operation Underground Railroad.

Имено кога се родила во октомври 1994 година, лекарите им рекле на нејзините родители дека Бел е болна, и ја задржале во болницата а нејзините родители ги пуштиле дома. Кога се вратиле да ја видат, докторите им кажале дека пoчинала.

Belle Barbu | Foto: Operation Underground Railroad

Бел раскажува дека сепак една од медицинските сестри решила да им ја каже вистината на нејзините родители но залудно.

Belle Barbu | Foto: Operation Underground Railroad
– Додека заминувале, медицинската сестра потрчала по нив за да им ја каже вистината, дека ме продале а американско семејство. Моите родители ги искористиле последните пари што ги имале за бензин и се возеле до секое сиропиталиште за да се обидат да ме најдат. Но, парите ги снема и по една година тие веќе не знаеле каде да бараат. Како што го обработував она што се случи, едвај дишев, болката на моите родители беше незамислива. Кога им раскажав на моите пријатели, тие беа целосно шокирани, бидејќи секогаш зборував малку за мојот приватен живот – рече таа.

Инаку Бел Барбу (26) дозна дека е земена од Романија како бебе и продадена на американско семејство. Таа раскажува дека целиот живот се срамела од фактот дека нејзините родители ја оставиле и дека не ја сакале, но вистината е сепак поинаква.

Растејќи во Америка, воопшто не изгледав како моите русокоси родители. Но, кога имав осум години, тие ми објаснија дека ме посвоиле кога сум била мало бебе, тоа беше огромен шок. Тие ми кажаа дека моето презиме е Барба, дека сум родена во Романија и дека моите родители не ме сакаат. Збунета и засрамена, го криев тоа од сите, но болката никогаш не исчезна – рече таа.

Нејзината врска со посвоителите беше прекината кога се запиша на студии за јавно здравје на Универзитетот Бригам Јанг во Ајдахо во 2013 година и оттогаш тие се целосно отуѓени. Но, таа никогаш не престана да се прашува од каде потекнува, пишува The Sun.-Во јули 2019 година наидов на Фејсбук група која им помага на посвоените Романци да ги пронајдат своите семејства. Нервозно ги објавив мојата возраст и презиме и се зачудив кога добив некои одговори и тоа веднаш. Сара, жената што ја водеше групата, го препозна моето ретко презиме и само 48 часа подоцна, таа се обрати до мојот брат Моисеј (20) на социјалните мрежи. Сара ги препраќаше пораките меѓу нас и наскоро дознав дека имам сестра Симона (33) и брат Флоријан (29). Тогаш дознав дека мојата биолошка мајка Маргари и татко ми Замбила сега живеат во близина на Рим. Добив толку многу информации за толку кратко време што ми се заврте во главата.

По три недели разговор преку Сара, конечно се јавив на телефон и разговарав со моето семејство. Кога мајка ми стапи во контакт со мене, преку преведувач, почнав да плачам, а наскоро сите бришеа солзи. Постојано велеше дека и е жал и дека секој ден се молат да ме најдат. Во моментот кога преведувачите ми испратија препис, сфатив. Моето семејство беше крајно сиромашно кога мајка ми беше бремена со мене. Живееле во шатори и правеле цигли за пари, што беше неверојатно тешка работа “, рече Бел.
за повеќе детали тука…
mama glamur

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...