10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаСтево Пендаровски: Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да...

Стево Пендаровски: Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да чекаме до март

spot_img

Претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија кажа дека Македонија не смее да ја добие вакцината во март додека земјите од регионот ја имаат порано.

<

 

Тој напомена дека Србија веќе од понеделник ќе ги добие првите 5.000 вакцини.

-Моите информации велат дека е точно дека Србија во понеделник ќе добие 5.000 дози од вакцината на Фајзер. Недозволиво е ние да чекаме до март за вакцината, ако другите околу нас добиваат претходно. Мораме да се снаоѓаме, од други земји членки, да потпишуваме договори.

 

Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да чекаме до март, вели Пендаровски.

За потсетување во Србија вакцинирањето започнува од дом за стари лица. Агенцијата за лекови и медицински сретства, на Србија и дала согласност за увоз на Фајзерови вакцини. Компанијата Фајзер/Бионтек им ја предале на 2. декември на Агенциите за лекови и медицински сретства неопходната документација за регистрација на вакцини против новата болест во Србија.

Велика Британија е прва земја која официјално ја регистрирала Фајзер/Бионетк вакцина за употреба, а по неа тоа го сториле Канада, Бахреин и Саудиска Арабија. До 21. декември се очекува нејзина регистрација и во ЕУ, а вакцинација во земји на ЕУ започнува од 27. декември.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...