29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСе отвораат нови работни места: МВР објави оглас за 600 нови полицајци.

Се отвораат нови работни места: МВР објави оглас за 600 нови полицајци.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци.

<

Отворени се работни места во повеќе сектори и тоа: во Сектор за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, во Секторите за внатрешни работи Струмица, Охрид, Битола и Куманово како и во Регионален центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

По 30 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи Тетово, Велес, Штип како и во Регионалните центри за гранични работи Запад и Југ и во Одделот за заштита на определени личности и објекти и во Единицата за брзо распоредување.

По 20 полицајци ќе бидат вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец ќе склучат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи. На обука ќе се упатат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...