17.4 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаИако Н нема од напорите: Градоначалникот на Охрид се пофали дека во...

Иако Н нема од напорите: Градоначалникот на Охрид се пофали дека во последните 18 месеци се дадле големи напори за да го зачуваат статусот на Унеско.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општина Охрид изминатите 18 месеци направила значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство на Охридскиот регион, но ако здогледаме малку подлабоко во уривањето ќе видиме само започнато а не дозавршено…  или народски кажано многу лаење а малку касање. Градоначалникот на Охрид Константин и сам призна кога гостуваше на радио дека уривањето на дивоградби може да биде опасна работа исполнета со закани и притисоци…

<

Но исто така интересно е што во Охрид има 1.000 дивоградби, но имињата на газдите се скриени за јавноста……

Во реакцијата од Општината на објавениот извештај од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО за 2020 година, во која се посочува дека Охрид и Охридското Езеро ги исполниле критериумите за бидат поместени на Листата светски наследства во опасност, се наведува дека како локална власт, во постојана координација со останатите надлежни институции и со поддршка на Владата на Република Македонија, Општина Охрид покажала вистинска грижа за националното богатство.

„И покрај тоа што се работи за еден сложен процес кој бара огромен ангажман, време и средства, преку заедничко делување и соработка започнавме да спроведуваме сериозни активности со кои ставаме крај на децениската деградација на овој регион и овозможуваме услови за поголема заштита“, се наведува во соопштението.

Притоа како примери се посочуваат усвојувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион со сите аспекти во делот на управувањето со езерското крајбрежје, урбаните и руралните средини, потоа стопирањето на проектите за изградба на Ски-центар на Галичица и изградбата експресен пат Охрид- Св. Наум.

„Започна реконструкцијата на Колекторскиот систем на Охридското Езеро и формирано е ново Јавно препријатие кое е задолжено за контрола на системот на отпадни води. Исто така, првпат е воспоставена платформа за соработка со Република Албанија за заштита на сливот на езерото во двете соседни држави“, стои во дописот до медиумите.

Истовремено се нагласува дека согласно препораките во надлежност на Општина Охрид, е изготвен инвентар на бесправно изградени објекти и бил воведен времен мораториум за градба на целата територија на општината.

„Првпат по 17 години беа спроведни низа активности за отстранување бесправни градби во делот на крајбрежниот потег и на неколку други локации. Активностите за отстранување на дивоизградените објекти ќе продолжат и во текот на наредниот период. Сите градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети. Со цел да се исполнат препораките на УНЕСКО во сферата на урбанизамот, Општина Охрид започна процес за изготвување на Урбанистички планови за 18 охридски села, како еден од најефикасните начини за борба со дивоградбите, обезбедување соодветни услови за градење и развој на руралните подрачја. Во делот на исполнување на останатите препораки од УНЕСКО, Општина Охрид воспостави нов режим на сообраќај со електронска евиденција на возилата во стариот дел на градот и беше воведена постојана пешачка зона на дел од улица „Кеј Македонија“. Исто така, беше изготвена „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“ и беа спроведени активности за отстранување на рекламните билборди и неавтохтони насади –палми“, се набројува во дописот од Општина Охрид до медиумите.

За најновиот нацрт-извештај на УНЕСКО кој е резултат на Реактивната мониторинг мисија од февруари оваа година се посочува дека е сублимат на забелешките од сите претходни мониторинг мисии реализирани во регионот.

„Општина Охрид во предвидениот рок ќе испрати коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци, ќе биде соопштен во јавноста откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот, стои во сооштението.

Од Општина Охрид истовремено нагласуваат дека исполнувањето на препораките на УНЕСКО продолжува да биде еден од најважните приоритети за локалната самоуправа, а целокупниот процесот за спроведување на активностите што се во интерес на зачувување на светското природно и културно наследств остануваат важен дел од работната агенда на градоначалникот Константин Георгиески и надлежните општински служби.

 

/МИА/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...

Апасиев го гаѓал Пеката со филџан во Собрание, откако овој му се заканувал

Денеска во Собранието имало инцидент кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканил на пратеникот од Левица Димитар Апасиев поради тоа...

Инцидент меѓу Апасиев и Пеката од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

Инцидент во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски, објави Локлано. Според очевидци, пратеникот од...