19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЈЗУ Охрид: Јавно го откриваме целиот скандал што се случи во нашата...

ЈЗУ Охрид: Јавно го откриваме целиот скандал што се случи во нашата болница !!

Единствената вистина за синоќешниот инцидент со имиња и презимиња:, стои во статусот на фејзбук објавен на официјалната страна на ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД.

Во продолжение ви го прикажуваме во целост:

Медицинската сестра Л. Д, пронашла закрила и финансиска стабилност од кога се вработува во уролошкото одделение при Општата болница во Охрид после семејната трагедија која ѝ се случила пред две години.
Директорот Горан Балевски најпрво како родител и како хуманист ја зема под закрила, знаејќи дека емоционално и финансиски сестрата (и нејзиното помало братче) оставени сами на себе тешко ќе успеат во ова лошо време.
ПРЕВЗЕМЕНО ⬇️⬇️⬇️
Медицинска сестра раскажува:
Бившиот дечко А.М животот ми го направи пекол, директорот Балевски ме заштитува како родител, но каде се институциите?
Оваа млада девојка која конечно пронашла закрила и финансиска стабилност по семејната трагедија која и се случила сега се соочува со семејно насилство, болна љубомора, закани кон неа и нејзините блиски.
Димоска раскажува дека бившиот дечко А.М со кого била во врска две години, по раскинувањето не престанува да ја демни.
* Ме следи буквално секаде. Виси пред одделението каде што работам, сите го гледаат, ми се заканува и физички и преку телефон.
Се обратив до директорот на Општата болница д-р Горан Балевски, побарав помош, вели Димоска.
* Директорот застана зад мене пред се како родител. Тој буквално нареди целосна заштита за мене. Постави засилено обезбедување во болницата, што најверојтно дополнително го вознемири мојот бивш дечко, раскажува Димоска.
По ова не само што не запреа заканите, туку и се засилија.
* Ќе те закопам во гроб, ми вели… растревожено раскажува Димоска за ЗА ОХРИД1
Таа додава дека често ја малтретирал и ја прашувал, зошто разговара со луѓе, со пациенти со доктори. Што ти е овој, што ти е оној, прашува.
Димоска открива дека сите закани и малтретирања и инциденти се пријавени во СВР Охрид. Но, според неа од таму само ќе го повикаат на разговор, и се останува на исто.
Од СВР Охрид потврдуваат за овој случај. Велат дека лицето им е добро познато, како и самиот случај. Додаваат дека против ова лице во СВР Охрид поднесени се повеќе пријави од засегнатите страни.
* После секоја пријава ова лице е повикувано во полициската станица и со него е извршен разговор. За овој случај е известен и јавниот обвинител, велат од СВР Охрид.
Во билетнот на МВР постои и регистриран инцидент во кој се инволвирани овие лица
– На 10-ти јануари 2021 година, во 23:15 часот, во СВР Охрид пријавено е дека е нарушен јавниот ред и мир на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Пријавена е вербална расправија помеѓу лицата М.А. и Д.А. од една и И.К. и Г.Б. со други две, засега непознати лица, од друга страна, сите од Охрид. СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот.
Димоска вели „да“ инцидент постоеше. Се тресам целата од страв и немир. Мојот бивш дечко го следел и директорот на болницата, со цел да му се закани и да предизвика инцидент.
* Не следи сите постојано. На 7 ми јануари тетка ми доаѓаше од Кичево на автопатот им го пресекол патот. Среќа избегната е трагедија. И овој настан е пријавен во полиција, раскажува Димоска.
И не само во полиција ова лице е пријавено и во центарот за социјална заштита. Од таму се категорични дека овој случај е семејно насилство. Во неколку наврати разговаравме и со неговите. Никој не превзема ништо. Пријави се редат, но никој не превзема ништо. Треба ли да се случи нешто пострашно за некој да превземе нешто, растревожено раскажува Димоска.
Таа изразува жалење што во сите инциденти трауми трпат многу лица, нејзини блиски, пријатели, роднини, но и лица кои сакаат да ја заштитат.
* Д-р Балески ми помогна кога бев во безизлезна ситуација. Двајцата родители ги изгубив во 4 години. Тој ме вработи, а сега и родителски застана во моја заштита, за што му си бескајно благодарна….

Вели Димоска за ОХРИД1

 

 

 

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...