23.6 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Членовите од „Јавна соба“ отворија нова група – заедно со Срби

Членовите од „Јавна соба“ отворија нова група – заедно со Срби

Translate (Eng):[gtranslate]

Отворена е нова група како „Јавна соба“, а Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе работи на детектирање на членовите и од оваа група.

Ова го изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во вчерашното учество во емисијата „360 степени“.

Тој вели дека досега се приведени четири лица инволвирани во првата група во која се споделуваат приватни фотографии телефонски броеви од девојки, жени, но и малолетнички.

РЕКЛАМА

Според Ангеловски, полицијата во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за документирање на овие случаи по што ќе следат соодветни пријави и додава дека се работи на детектирање и приведување и на други лица кои се вклучени во случајот.

„Како што веќе знаете ‘Јавна соба’ е затворена, но отворена е друга група и работиме на детектирање на тие членови. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија. Во моментов работиме на детектирање на сите овие инволвирани со цел санкционирање“, вели Ангеловски.

Во Кривичниот законик се планира да се додаде член 144 а – во кој се вметнува терминот „демнење“ кој се објаснува на повеќе начини:

-подолго време неовластено следење, прогонување или друг начин на мешање во личниот живот на друг, злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација и сето ова да предзивика чувство на несигурност, страв, вознемереност, сооопштија од Министерството за правда. Со измените се предвидуваат парични казни, но и казна затвор до три години.

- Реклами -