20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарите ќе гледаат Македонска телевизија а ние ќе гледаме Бугарска, тоа се...

Бугарите ќе гледаат Македонска телевизија а ние ќе гледаме Бугарска, тоа се тие братски односи…

Се одмрзнуваат релациите меѓу Скопје и Софија по блокадата од Бугарија во ЕУ во декември. Откако вчера е договорено од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторото А1, да се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски телеком во кој државата има свој удел, а сателитскиот канал на македонската телевизија да се реемитува на бугарските телевизиски оператори, се чака и завршување и на процедурата околу документацијата за три привати бугарски телевизии да можат да се реемитуваат во Македонија, а до крајов на февруари истото ќе се направи и со 3 – 4 приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.

Дополнително месецов се очекува ректорот на Софискиот универзитет, придружуван од неколку декани, во Скопје да го посети најголемиот државен универзитет во земјава – Св. Кирил и Методиј, но и други универзитети, за да се договара размена на професори, но и на студенти уште од следната учебна година.

Овие информации за Телма ги потврди специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски, според кого студентската размена би можела и порано да стартува со летните семинари.

Освен размената на телевизиските канали и универзитетска соработка, од денеска македонската државна новинаска агенција има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија се уште се чека.

Во меѓувреме двете министерства работата на усогласување на Акцискиот план кој би треба да биде усвоен на заедничка меѓувладина конференција. Неофицијално македонската страна се надева дека тоа би можело да се случи и овој месец.

Од македонското МНР за Телма Тв велат дека се во постојана комуникација со бугарските колеги околу акцискиот план, но без повеќе детали до каде е процесот.

Неофицијално пак Телма дознава дека македонската страна веќе го има разгледано бугарскиот одговор на македонскиот акциски план од јануари и оти одговорот од македонска страна е веќе формилиран во предлог-финална верзија на кој Софија ќе треба да одговори дали и е прифатлив.за повеќе детали тука… Телма Тв

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...