27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаРестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа

Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).

<

Тие денеска на прес-конференција апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа.

Ако тоа не се случи, како што најавија, идната недела ќе излезат на масовен протест.

-Почнувајќи од 15.03.2020, ние, како угостителски објекти за организирани настани, речиси една година немаме протокол за почнување на нашата дејност. Ние сме единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користевме парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траеше само шест месец. Располагаме со големи капацитети, соодветна квадратура и можност за одржување организирани настани, со што би се запазиле усвоените протоколи според кои функционираат останатите „A la carte“ ресторани со ограничено работно време. Да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како претходната. Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, кога младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско-санитарни услови, реагираа членките на ТУК.

Според нив, исплатата на еднократната парична помош во вид на грант, со максимален износ од 10.000 евра, е 2-4 отсто од вкупно остварениот промет во 2019 година, што е минимална поддршка за сервисирање на трошоците на оваа категорија угостители со оглед на големината и квадратурата на објектите со кои управуваат.

-Споредено со регионот, ние сме единствена земја која не доби протокол за организирани настани, а поддршката субвенционирање плати и придонеси, како и еднократниот грант, е убедливо најниска директна помош. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и свесни сме дека во овој момент не може да се вратиме на истите услови на функционирање како во 2019 година, но од исклучителна важност за нашата дејност, имајќи го во предвид сезонскиот карактер, е временска динамика на фазно донесување протоколи за почнување со работа, нагласија членките на ТУК.

Тоа, напоменаа, би ја олеснило одлуката на младоженците за одбирање погоден датум за организирање веселба, а воедно би било од големо значење и за комплементарните дејности: музичари, фотографи, слаткарници, цвеќари, модни дизајнери и ателјеа, шминкери, декоратери.

-Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дозвола за работа како и останатите ресторани. Доколку не добиеме позитивен одговор и нашите барања не се усвојат, следниот чекор идната недела ќе биде масовен протест, предупредија рестораните за организирани настани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...