17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ ВО СЕЛОТО БОГОМИЛА, СТАРИОТ РИМСКИ МОСТ...

ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ ВО СЕЛОТО БОГОМИЛА, СТАРИОТ РИМСКИ МОСТ ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ КАКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Oткако ќе се изгради новиот, стариот Римски мост преку Националниот конзерваторски центар ќе се заштити како историско наследство.(Фото: СДК.МК)

Започна изградбата на нов мост во велешкото село Богомила. Мостот се гради на влезот, близу до постојниот Камен мост, кој населението го именува како Римскиот. Со ова се решава голем проблем, кој во минатото, во повеќе наврати ги вадеше од домовите богомилчани на протести.

„Во наредните десет месеци ќе биде изграден нов мост кој има регионално значење и е финансиски поддржан со 14.5 милиони денари од Јавното претпријатие за државни патишта. Мостот ќе биде со должина од 27 метри и ширина од 6 метри“, вели градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Постојниот камен мост беше сериозно оштетен, поради тоа што на него минува камиони кои превезува огревно дрво исечено од планината Јакупица како и кварц од бројните каменоломи во Азот. Поради тоа населението во неколку наврати со жив штит, не дозволуваше да се одвива сообраќај на мостот, кој има историска вредност. Затоа откако ќе се изграден новиот, стариот Римски мост преку Националниот конзерваторски центар ќе се заштити како историско наследство.

Стариот Камен мост е заштитен споменик на културата од 1953 година и спаѓа во групата рустични мостови. Стручњаци од Националниот конзерваторски центар на Македонија пред десет години извршиле увид, изготвиле извештај и констатирале дека на мостот се одвива товарен сообраќај кој негативно влијае врз стабилноста на мостот. Поради ова тие тогаш побарале забрана на секаков вид моторен сообраќај, конзервација и реконструкција на мостот како и изградба на нов мост преку реката Бабуна.

„Време беше да се изгради нов мост. Поради лошата состојба на Камениот се случија повеќе несреќи, патнички возила слетуваа во реката Бабуна, луѓе се повредуваат, а од страна почнаа да паѓаат старите камени блокови. Преку овој стар мост се одвиваше целиот товарен сообраќај за пренос на стока, дрва и камен од планината Јакупица кон Велес“, велат жителите на населбата.

П. ПЕЧКОВ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...

Жена од Скопско тешко повредена: Ја прегазил трактор

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино,...

Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места. ДИК информира дека...

Излезеноста е над 40%, Македонија постигна цензус!

Државната Изборна комисија излезе со најновите информации за излезноста на двојните избори до 17 часот. За претседателските избори излезноста е 42.32%, додека за парламентарните 46,93%. Вкупно...