12.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСпоред најновите податоци, 455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови.

Според најновите податоци, 455.600 лица во Македонија живеат во тешки услови.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Речиси една четвртина од жителите на Северна Македонија тонат во сиромаштија. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, 455.600 лица во С.Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население, исто како и во 2018 година, додека во 2017 година тој процент беше 22,2. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори.

<

Стапката на сиромаштија, според типот на домаќинство, е највисока (45,3%) кај домаќинство на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца. Потоа следи самохран родител со издржувани деца (42,8%) и домаќинства со издржувани деца (26,4%). Неактивните и невработените лица се меѓу најранливите категории и кај нив стапката на сиромаштија е највисока (33,9% и 33,2% соодветно), а најниска кај пензионерите (2,2%).

Стапката на сиромаштија во најбројните, четиричлени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое четврто семејство во оваа категорија е сиромашна. Анализирано според полот, жените се многу повеќе погодени од мажите, па така во сиромаштија живеат 22,5% жени и 21,4% мажи.

Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3,2 %, а стапка на сиромаштија под 10 % имаат и самците.

Бездомници и сиромашни луѓе чекаат во ред за помош во Хамбург, Германија

Прогнози на Светска банка

Светска банка во мај годинава објави дека над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка.

Од Западен Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени годинава е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.

Секое трето дете живее во сиромаштија

Во истражувањето коешто го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а коешто беше објавено во јуни годинава, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија, а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход. Зголемен е и бројот на деца жртви на семејно насилство што се должи на затворањето на училиштата и полициските часови, а квалитетот на образованието кое го добиваат преку онлајн учењето не е доволен особено во стручните училишта.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Долготраен притисок и закани Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва...

„Мојот татко ни се заканува дека ќе нè убие“: Прво интервју на внукот на Зоки Фаци

Хајп.мк“ ексклузивно разговараше со Дарко Митровиќ, внукот на Зоки, кој ја сподели болната вистина. „На први мај добиваме телефонски закани, закани по живот, за жал...

Час за паметење: 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија

Час за паметење 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија 60 години од матурирањето денес одбележаа генерацијата 61/65 од гимназијата „Славчо Стојменски“...

Младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски

Ова момче е новиот Александар Сариевски Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара...