Министерот Венко Филипче денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство, го нарече нов неконструктивен чин.Тој ја повика опозициската партија да бидат конструктивни или да не одмагаат.
-Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат, изјави Филипче.
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и нивни поддржувачи, денеска, трета сабота по ред, протестираа пред МЗ и повторно побараа оставка од министерот, а фрлија балон со вода кон зградата, за да, како што велат„ го измијат срамот, кога во Македонија умираат по 50 луѓе на ден Заев и Филипче летаат со хеликоптер“.