19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаКуќата на Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом.

Куќата на Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом.

Како наш дополнителен придонес за оддавање почит на големото дело, родната куќа на академик Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална архитектура, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој секоја година се одбележува на 18 април, а оваа година е со темата „Комплексно минато: разновидна иднина“.

„Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена со елементи според автентичниот изглед кога е изградена, а денес, дел од собите се музејски простории и места за културни средби. Денес таа е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и сведоштво кое ја потврдува мисијата на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, како препознаена и заштитена убавина од нашето минато која му припаѓа и на светот“, напиша Заев.

Стогодишнината од раѓањето на Конески е вклучена во календарот на значајни настани за 2021 година на УНЕСКО.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...