3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСамо за доброто на државата пратеничката Костадиновска сама си го платила амбулантното...

Само за доброто на државата пратеничката Костадиновска сама си го платила амбулантното возило.

spot_img

Двајцата пратеници позитивни на КОВИД-19 кои денеска за да гласаат во законодавниот дом дојдоа во скафандери ги „зовре“ страстите во јавноста и го отвори прашањето – дали има протокол пратеници болни од корона да одат во Собрание?

Од Здравство се децидни дека протокол постои и истиот бил применуван и минатата година.

Пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири го сподели протоколот на социјалните мрежи. Со него е превдидено пратениците кои се во домашна самоизолација и немаат симптоми поврзани со КОВИД-19 да може да учествуваат во рабоатата на Собранието, а и на истите при влез во зградата да им се мери температура.Дали ова се однесува и на пратеници позитивни на корона и со валидно решение од ДСЗИ за изолација, од објавениот Протокол не е јасно.

Овој случај, како со нож ја подели јавноста – за едни е херојски чин, за други кривично дело. Во одбрана, меѓудругите застана и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој напиша дека овој случај биле неизбежен бидејќи опозицијата се противела седниците да се одржуваат онлајн.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, пак, смета дека денешните случувања во Собранието биле тероризам, а не случувањата на 27 април.

„Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!, порача Мицкоски повикувајќи се на членот 205 од Кривичниот законик, кој се однесува за за ширење заразна болести..

По овој, и следниот член 206, од почетокот на пандмијата казнети се неколку десетици што имале решение за изолација, а казните најчесто се парични, по 2.000 евра

канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...