4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаОтец Оливер со прекрасна вест: Министерот Филипче ќе се погрижи за девојчето...

Отец Оливер со прекрасна вест: Министерот Филипче ќе се погрижи за девојчето од с.Трубарево кое боледува од тумор на малиот мозок.

spot_img

После повикот за помош на отец Оливер и од група граѓани на социјалните мрежи, министерот Венко Филипче ветил дека лично ќе се погрижи за малолетното девојче кое боледува од тумор на малиот мозок.

Во продолжение ви ја прикажуваме објавата на о2тец Оливер Петровски.

Очекував брза реакција од министерот Венко Филипче, но волку брза реакција секако дека пријатно ме изненади. Имено, веднаш после објавувањето на случајот на семејство од Трубарево и за здравствената состојба на 17 годишната Магдалена, министерот (кој е еден од најдобрите неурохирурзи) нѐ контактираше со цел да се запознае со реалната медицинска состојба и веднаш да реагира. Тој веднаш нѐ прими и после прегледување на снимките и целокупната медицинска документација, докторот и министер востанови дека Магдалена физички е целосно здрава и нема тумор во мозокот. Слава на Бога!!!
Но секако дека останува да се создадат услови за живот, т.е. да се реновира нивниот дом, проект што од понеделник ќе почнеме да го работиме во соработка со Општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски.
Бидејќи станува збор за лице со попреченост нареден чекор кој што ќе го превземеме е проверка на нивниот статус преку центарот за социјални работи и да помогнеме да ги остварат сите права за надоместоците кои им следуваат.
Огромна благодарност до министерот за здравство г-дин Венко Филипче за брзата реакција и утврдувањето на реалната здравствена состојба на Магдалена.
Бог да ве благослови и награди!!!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...