3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаИзмешани чувствата на Блаже: Не ја познавав Верче, но oд ден за...

Измешани чувствата на Блаже: Не ја познавав Верче, но oд ден за ден чувствувам огромна загуба

spot_img

Пред една седмица по втор пат во нашата земја се направи трансплантација на срце од поч*нат донор, откако семејството на младата Верица Белчовска по нејзината сообраќајна несреќа решија да ги донираат нејзините органи и да спасат повеќе животи, а воедно со тоа да дел од својата ќерка и сестра да продолжи да живее. Ваквата пракса кај нас е сеуште новитет и поради тоа реакциите на јавноста се неверојатни, а оние кои ги добија нејзините органи не можат да најдат зборови кои ќе бидат доволни за да се заблагодарат.

Немам доволно зборови што можам да искажам кон нејзините родители за таквиот хуман гест. Огромна благодарност чувствувам кон семејството. Животот на младата Верица Белчовска згасна прерано, а нејзините родители решија да помогнат на тројца, четворица пациенти и да спасат животи, изјави за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77, Блаже Сапунџиев, примателот на бубрег по успешната трансплатација минатата седмица.

 

„Бев изненаден, не очекував така да биде, од кадаверичен донор толку брзо да добијам бубрег. Знаете како, свеста на народот кај нас по ова прашање не е на високо ниво, но огромна благодарност чувствувам до фамилијата. Животот на Верче прерано згасна, а ваквиот чекор на нејзините родители помогна да се спаси животот на тројца, четворица пациенти, понатаму и на повеќе луѓе што можат да се спасат и на други начини, срце, кар* ином, бубрези“, изјави 40 годишниот Сапунџиев.

„Немам доволно зборови што можам да ги искажам кон родителите за овој хуман гест. Некако мислам дека е прерано да стапам во комуникација со нив, бидејќи тие се во огромна тага. Не ја познавав Верче, но чувствувам огромна загуба“, додава Сапунџиев.

Целиот текст на ММСсо клик ТУКА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...