-1.1 C
Ohrid
понеделник, јануари 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПоимотните Македонци купуваат имоти на море, најчесто во соседните земји Грција и...

Поимотните Македонци купуваат имоти на море, најчесто во соседните земји Грција и Албанија.

spot_img

Ги користат за свои потреби, за одмор, да имаат каде да престојуваат доколку почнале бизнис во соседството или пак ги издаваат. Од Агенцијата за недвижности „Импулс“ од Скопје велат дека граѓаните  најчесто купуваат станови на Халкидики, или во Саранда објавува Фактор.

„За Црно Море нема интерес, иако порано имаше пред 10 или 15 години, но сега работите се сменија, не од политички, туку од други причини“, велат од оваа агенција.И во Струмица има интерес за купување на недвижен имот надвор од границите на Македонија.„Граѓаните прашуваат, но не ги знаат процедурите за купување имот во друга земја. Интерес има за првиот крак и Солун во Грција. Оние струмичани кои се поимотни, купуваат имоти до 70 или 80 квадрати“, објаснуваат од Скај Хом Недвижности од Струмица.

Во Куманово, оние кои работат во Швајцарија, освен во родниот град купуваат имоти во Албанија, а другите кои работеле на Блискиот Исток купуваат мали станови во Грција. Дел од луѓето кои биле повредени додека работеле на Блискиот Исток, и добиле отштета, парите ги вложуваат во недвижен имот. Обично се тоа станови до 50 квадрати. Од агенцијата за недвижности „Експерт недвижности“ од Куманово велат дека во соседна Албанија цените на становите не се зголемени.  Дури може да се случи во одредени места во Албанија да се најде поевтин стан отколку во Куманово.

Автор Сања Атанасовска , целиот текст прочитајте го во Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...