16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридНова атракција за туристите во Охрид: Во Tрпејца ќе служи и вино...

Нова атракција за туристите во Охрид: Во Tрпејца ќе служи и вино чувано на дното на Охридското Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона. Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво искуство да се проба на Охридското Езеро.

<

Нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца. Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан во Трпејца.

Зоран Тунтев, ескперт по туризам и иницијатор на повеќе проекти за промоција на туристичката понуда, вели дека замислата е да се заинтригира вниманието на гостите со некоја посебна понуда, притоа посочувајќи дека таквото вино послужено во топлите летни денови поседува особен шмек.
МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...