Македонија вчера го загуби натпреварот со Украина со резултат од 2:1, а откако Холандија ја победи Австрија со 2:0, Пандев и дружината ги загубија шансите за осминафинале на Европското првенство.
Македонија одигра храбро, а Пандев повторно ја стресе мрежата, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
По мечот македонските фанови имаа можност да видат една прекрасна глетка, големиот Андриј Шевченко лично ја поздрави струмичката гордост и капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев.