Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе оди на втор мандат за градоначалник.
<
Ова денеска го најави самата таа во емисијата „Директно“ на ТВ Тера.
Изјави дека ваквата одлука ја донесла откако била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.
Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека официјлно поденела кандидатура за градоначалничка на Битола.