4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаУапсена охриѓанка барана со меѓународна потерница за „семејно насилство и киднапирање“

Уапсена охриѓанка барана со меѓународна потерница за „семејно насилство и киднапирање“

spot_img

Граничната полиција на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско –македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти.

-Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Македонија, заради екстрадиција во Норвешка. Службите на граничната полициска станица Тушемиште, на влезот во Република Албанија, при контрола на документите утврдија дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за охриѓанката била распишана меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ и оти Интерпол Тирана ја продолжува постапката за нејзина екстрадиција во Норвешка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција –...