Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк – шума „Водно“, на место викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума.
При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот.
Од полицијата информаат дека работат на расчитување на случајот.