2.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСостојбата е крајно сериозна, пристигна новиот бран: Забрана за свадби на затворено...

Состојбата е крајно сериозна, пристигна новиот бран: Забрана за свадби на затворено во Тетово, Комисијата за заразни болести бара нови мерки…

spot_img

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид-19.

Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.

Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено.

Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции:

-Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.

-Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.

-Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.

– Зсилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани, соопшти Министерството за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...

Беровчанец подарува месо и лекови за сите што неможат да си купат за празниците.

Неверојатно хуман гест за празниците прави беровчанецот Звонко Цонкински. Тој за сите што неможат да си го дозволат обезбедува месо од неговата фарма, тој...

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Македонија Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој Автор: Деск 4NEWS.MK 26/12/2024 13:07 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...