4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид: Туристите заминуваат, сметот останува

Охрид: Туристите заминуваат, сметот останува

spot_img

Охрид е во шпицот на сезоната и така ќе биде до средината на август. Нашиот туристички бисер кој навистина има што да им понуди на туристите, за жал, за возврат не го добива должното внимание од посетителите.

Ниската еколошка култура и овој пат е причина Охрид да биде преполн со смет.

Доколку денот го минувате на плажа нема воопшто да биде тешко да констатирате дека 4 од 10 посетители-пушачи пикавците од цигари ги оставаат на местото каде престојувале на плажата. Ветрот ги разнесува насекаде, па така не ретко завршуваат и во езерото.

И друг вид на отпад останува по несовестите туристите, па така искористените пластичните амбалажи, празни лименки, опаковки од чипсови и сладоледи, остатоци од пуканки и класја „ги декорираат“ охридските плажи.

Тоалетите на плажите, исто така, не се поштедени од ниската свест за општа култура.

Ништо подобра глетка нема да начекате ниту во центарот на градот каде периодов е навистина прометно.

Доколку вечерно време сакате да прошетате низ центарот на градот, и малку подетално набљудувате, ќе забележите туристи кои остатоци од својата вечера расфрлаат низ клупи, паркови, или каде што ќе падне…Не се малкумината кои грицкаат семки и сончоглед, а отпадоците остануваат на самото место.

Можеби не секоја плажа во Охрид има канти за отпадоци, дури и тие кои имаат не се доволни? Можеби шпицот на сезоната е причина комуналните служби да не постигнат да исчистат? Можеби посетителите мислат дека треба да одмараат дури и кога станува збор за елиминирање на сопствениот отпад? Илјада потенцијални оправдувања не може да бидат издржана причина за грдата слика на преубавиот Охрид кој очигледно страда од примитивизмот на туристите.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...